БИПОЛАРНО РАСТРОЈСТВО
Биполарно растројство или уште наречено манијакална депресија е дезориентирачка состојба која предизвикува екстремни промени во расположението. Пациентите може да се чувствуваат со недели дека се на врвот на светот, пред да западнат во фазата на депресија. Секоја година биполарното растројство зафаќа околу 2% од светската популација. Фаза на депресивни симптоми Без третман, болниот со биполарно растројство може да западне во фаза на интензивна епизода на депресија. Симптомите вклучуваат тага, анксиозност, губиток на енергија, безнадежнст и постојана потреба за плачење. Пациентите може да изгубат интерес за активностите кои претходно им предизвикувале задоволство. Може да добијат или да изгубат од тежина, спијат помалку или повеќе од потребното, и се склони кон самоубиство. Манична фаза За време на манијакалната фаза, пациентите имаат тенденција да се чувствуваат еуфорични и веруваат дека може да постигнат сè. Ова резултира од неадекватното расудување, намалената самокритичност, наголеменото либидо (желба за секс), конфузија, инсомнија. Неадекватни однесувања, како екстремно трошење пари, сексуална индискреција, брзо возење, и злоупотребување на алкохол и наркотици, се доста честа појава. Присуство на три или повеќе, од наведените симптоми изразени скоро секојдневно, индицира манијакална епизода. Според феноменологијата се разликуваат:
Луѓето со мешано биполарно растројство доживуваат и депресија и манија во исто време. Ова води до непредвидиливо однесување како што е плачење додека ја вршат својата омилена активност. Најчеста е кај младите, т.е. адолесцентите. Причини Нема досега докажана причина која води до ова растројство. Водечка теорија е дека постои абнормалност во флуктуирањето на мозочните хемикалии т.е серотонинот. Ризични групи Биполарното растројство ги афектира и мажите и жените подеднакво. Најчесто се јавува во периодот помеѓу 15 – 30 години. Високо ризични индивидуи се членови во фамилии со позитивна анамнеза за биполарно растројство. Како тригер фактори се наведуваат злоупотреба на алкохол и дроги, стресни настани или останати непознати фактори. Дијагноза и диференцијална дијагноза Клучен чекор во дијагностицирањето на биполарното растројство е, анамнезата за драстични промени во расположението. Диференцијално дијагностички може да дојдат во предвид органски болести кои го афектираат расположението како: повреди на главата, тироидни проблеми, ХИВ, дијабетес – хипогликемична фаза, проблеми со исхраната, или пак употреба на одредени лекови. Терапија Во терапијата се вклучува литиум, карбамазепин и натриум валпроат, како стабилизатори на расположението. Исто така се употребуваат антипсихотици кај маничните и антидепресиви при депресивните симптоми. Помеѓу епизодите на манија и депресија, пациентите треба да се одржуваат со терапија за да не развијат релапс на симптомите. Психотерапија Оваа терапија не ја исклучува медикаментозната туку се надополнува на неа. Може да влијае на подобрување на симптомите и да го ресоцијализира пациентот во однос на работата и фамилијарниот живот. Конгнитивна бихејвиорална терапија се фокусира на смена на веќе научениот начин на однесување кој ги модулира симптомите. Интерперсоналната терапија може да влијае кон подобрување на персоналните релации. Социјалниот ритам им помага на пациентите да се справат со секојдневните обврски без да манифестираат поголеми промени на расположението. Електроконвулзивна терапија Електроконвулзивна терапија може да помогне кај пациенти со самоубиствени мисли, психотични епизоди и агресивни однесувања кон останатите. ЕЦТ користи електрицитет за да предизвика напади слични на епилепсија со последична амнезија (антероградна и ретроградна) за настаните кои претходеле пред и за време на терапијата. ЕЦТ е обично последна резолуција кога пациентот не реагира на медикаментозната и психотерапијата. |