ЕПИЛЕПСИЈАЕпилепсијата е меѓу најчестите невролошки состојби од кои страдаат 0.5 до 1% од луѓето. Не сите напади се резултат на епилепсија. На пример, лекови кои се препишани за други состојби, како и алкохолот можат да предизвикаат напади. Денес, лекарите не дијагностицираат епилепсија кај човек што имал само еден напад. Епилепсијата се дијагностицира само ако пациентот има повторливи напади. Мозокот е составен од многу неврони кои меѓусебно постојано комуницираат и пренесуваат информации преку електросигнали и периодот на пренос на информации мора да биде сочуван за мозокот да функционира правилно. Епилептичните напади се случуваат кога во мозокот настанува абнормално епилептично празнење кое ја нарушува работата на мозокот. Видот на нападот зависи од локацијата каде што се случило празнењето. Додека трае нападот, овие празнења можат да предизвикаат:
Епилептичните напади се кратки, обично траат од неколку секунди до неколку минути и потоа работата на мозокот се враќа во нормала. Епилепсијата се јавува на сите возрасти, но најчеста е кај децата и кај постарите луѓе. Кои може да се причините за епилепсијата? Епилепсијата може да биде предизвикана од разни состојби во кои се наоѓа мозокот, но, досега епилепсијата кај никој заболен не предизвикала мозочни оштетувања. Кај многумина заболени, епилепсијата се смета дека е наследна, најмногу кај заболените кои се деца и тинејџери. Според лекарите, опасна и може да го оштети мозокот е само фокалната епилепсија и потребно е да се изврши скен на мозокот доколку има сомневање за овој вид на епилепсија. Епилепсијата може да се јави како резултат на:
Што со луѓето болни од епилепсија? За среќа, нападите се намалуваат и потполно изчезнуваат кај 70-80% кај болните од епилепсија, но сето тоа најмногу зависи од видот на епилепсија и делот од мозокот кој е зафатен. Како се дијагностицира епилепсијата? Епилепсијата може да биде само клинички потврдена. Не се докажува само со тестови и скенирања, туку со опишување на нападот на заболениот. Нормално, пациентите при нападите најчесто не се свесни па затоа важно е лекарот да добие опис што се случува од очевидец на настанот. Исто така потребни се консултации со невролог и специјалист. Кога ќе се дијагностицира епилепсијата, се прават два теста:
Секако, еден човек може да страда од епилепсија иако двата скена и ЕЕГ не покажуваат ништо. Затоа, некои пациенти во кои лекарите се сомневаат дека имаат епилепсија треба да се следат на подолго со цел да се забележат било какви нарушувања на работата во мозокот. Како се третира епилепсијата? Епилепсијата се третира со лекови препишани од специјалист но кај некои случаи и со хируршки зафат. Епилепсијата и бременоста Многу бремени жени живеат со епилепсијата без проблеми. Како и да е, на жените што сакаат да забременат им се препорачуваат совети од специјалист, особено ако се земаат таблети за епилепсијата. Што треба да правите кога некој има напади?
Рестрикции во животниот стил За заболените е важно да се соочат со фактот дека живеат со епилепсија и да ги надминат сите стравови поврзани во врска со неа. Но, има неколку ограничувања кон кои тие треба да се придржуваат:
|