КЛЕПТОМАНИЈАКлептоманија е комплексно психичко нарушување кое се карактеризира со повторлива и неодолива потреба да се украде некој материјален предмет. Почесто е застапена кај пациентите кои се зависни од некоја хемиска супстанција или имаат коегзистирачка анксиозност, нарушување во расположението или нарушување во исхраната. Од останатите психички нарушувања, ќе се споменат паничните напади, социјалната фобија, анорексија нервоза, булимија нервоза и опсесивно-компулсивно нарушување. Повторливиот акт на крадење може да биде ограничен само на специфични објекти или во слични услови, но афектираните лица можат или пак не можат да ги опишат нивните специфични преференци. Клептоманите, односно лицата со ова нарушување, после кражбата, најчесто чувствуваат вина за стореното дело. Причините за појава на клептоманија се непознати, иако во некои истражувања докажана е генетската компонента на ова нарушување, кое може да се пренесе меѓу членовите во фамилијата од прво колено. Симптоми кои ја карактеризираат клептоманијата:
Откако ќе се дијагностицира, терапијата за клептоманијата е насочена кон контролата на импулсите кои го тераат пациентот на импулсивни мисли, како и кон придружното психичко нарушување. Третманот вклучува психотерапија, како што е когнитивно-бихејвиоралната терапија и рационално-емотивната терапија. Последните студии покажаа дека флуоксетинот и налтрексонот може да помогнат во третманот за клептоманија. |