АУТИЗАМАутизмот претставува биолошко пореметување на мозокот кое го оштетува комуницирањето и друштвените вештини. Опфаќа широк спектар на пореметувања кои се движат од благи до тешки степени. Аутистите се опишуваат како личности кои се во “својот свет”. Многу аутисти кои добро функционираат опишуваат два света, својот и надворешниот, и своите искуства ги опишуваат како размислувања и слики. Аутизмот денес се дефинира како органски развоен дефект на мозокот кој се одликува со неможност за развој на јазичната комуникација и останатите облици на друштвена комуникација. Се јавува кај 2-5 деца од 10,000 родени и е 1,5 пати почест кај машките. Некои аутистични деца покажуваат извонредни моторни, математички и други вештини. Често се опсесивно окупирани со објекти во движење, светлина, вода која тече или ротирачки објекти. Кај поголемиот број на аутистични деца проблемот се препознава подоцна во детството а тежината зависи од коефициентот на интелигенција. Некои деца можат постапно да научат да зборат и да покажат извонредна дарба за математика или уметност. Околу 30% од аутистичните деца добиваат епилепсија. Со стареењето сите особини на аутизмот стануваат се поизразени. Причината за појава на аутизмот е непозната, најверојатно е резултат на низа случувања. Аутизмот е обележан со следниве особености:
Тешкотии поврзани со другите деца и возрасни
Чудно однесување
Промена на осетот
За типична индивидуа не е проблем да шета по улица, да збори со пријателите и да ги мириса цветовите. Аутистичната личност поради промената во сетилата може да биде несвесен на пример за сирената од амбулатното возило или пак да биде обземен со мирисот на некој цвет. Сонцето кое свети низ гранките од дрвјата може да биде толку заслепувачко што ги блокира сите други активности и сетила на аутистот до таа мерка да не може да се сконцентрира на одењето по улица. Некои факти за аутизмот
Други факти
Пристап кон лекувањето на органските пореметувања Често како единствена помош се нудат антидепресивите. Иако тие можат да доведат до подобрување, не помагаат во решавањето физиолошкиот проблем кој постои. Кај најголемиот број аутисти постојат неправилности во 4 големи органски системи: нервниот, имунолошкиот, ендкринолошкиот и гастроинтестиналниот. Првиот чекор е тестирање и повторно тестирање. Некои од препорачливите тестови се: алергија на храна, органски киселини, аминокиселини, одредување на нивото на серотонин, имунолошки тестирања, функција на црниот дроб, штитната жлезда, присуство на тешки метали во организмот, невролошки тестови, тестови за гастроинтестиналниот систем. Ова изгледа многу и скапо, но е потребно да се испита проблем по проблем. Нутрициските интервенции се чинат дека се значаен дел од лечењето на аутизмот. Диетални ограничувања Храна без глутен (брашно, ориз, овес и јачмен) и млеко. Глутенот и казеинот од млекото можат негативно да влијаат на мозочните функции и да предизвикаат појава на кожни и интестинални симптоми. Пред почнувањето на ваквото лекување потребно е да се направат консултации со педијатар. |