ОПСЕСИВНО-КОМПУЛЗИВНО РАСТРОЈСТВОСтанува збор за анксиозно пореметување карактеризирано со наметнати мисли кои продуцираат анксиозност, и со репетитивни однесувања кои имаат за цел да ја редуцираат анксиозноста, или пак со комбинација на мисли (опсесии) и однесувања (компулсии). Симптомите може да вклучат повторени миења на рацете со цел деконтаминација – страв од зарази, преокупација со сексуални или агресивни импусли, или со одредени религиозни верувања, аверзија кон одредени броеви (парни, непарни и други), постојано пребројување на работите, и броење во себе или на глас, комбинации од бројки, и собирање и множење на броевите, и нервозни навики како постојано проверување дали вратата е заклучена, дали пеглата е исклучена, отворање или затворање на вратата по неколку пати, пред влегувањето или излегувањето од собата итн... Спектарот на симптомите е голем, и може да постојат разни комбинации и манифестации на однесувања. Овие симптоми може да бидат пренагласени или помалку изразени и се секогаш причина на одредени емотивни или економски загуби. Однесувањето на овие кои го имаат ова пореметување може да премине во параноја и останатите да го интерпретираат како психотично однесување. Како и да е, пациентите генерално ги препознаваат своите мисли и одредени активности како ирационални што може понатаму да послужи за нивно олеснување и намалување на напнатоста. Опсесивно-компулсивното растројство е на четврто место од најчестите ментални пореметувања, и се смета дека е толку често како и астмата и дијабетот. Во САД се смета дека 0,5% од популацијата го поседува ова пореметување. Во нашата држава овој процент е помал, поради тоа што поголемиот дел од случаите поминуваат недијагностицирани. Опсесивно-компулсивното растројство се смета за психолошка анксиозност која вклучува вознемирувачки наметнати мисли и компулсии (ритуали) наменети за неутрализација на опсесиите. За да се постави оваа дијагноза индивидуата е потребно да има или опсесии или компулсии, или и едното и другото во комбинација. Обично ова пореметување ги содржи двете растројства. Опсесиите се:
Компулсиите се:
Опсесиите или компулсиите траат долго, одземаат повеќе од еден час од дневната активност, предизвикуваат напнатост, или потешкотии во работната социјалната и едукативната сфера од животот. Постоењето на ова пореметување често е поврзано со депресија и фобии. Терапијата се состои во бихејвиор терапија која вклучува техники кои се користат за да се толерира анкисозноста асоцирана со неостварувањето на повторените однесувања. Се базира врз основа на погрешно наученото мислење и однесување кон некои ситуации во животот. Медикаментозната терапија вклучува антидепресивна терапија како пароксетин, сертралин, флуоксетин, и трициклични антидепресиви. Ниски дози на новите атипични антипсихотици како оланзапин, рисперидон и други се покажале како корисни во терапијата на опсесивно компулсивното растројство. Користењето на антипсихотиците мора да биде под надзор од психијатар, бидејќи ниските дози се од бенефит во терапијата, а високите може да предизвикаат драматични опсесивно-компулсивни тензии. Електроконвулзивната терапија се покажала како ефективна кај некои тешки и рефрактерни случаи. Типичен пример за опсесивно компулсивно растројство: Детето или адолесцентот имаат мисла дека доколку не ја поминат истата патека по 10 пати дека некој од блиската фамилија ќе почине, возрасната индивидуа мисли дека доколку не ги измие рацете неколку пати со сапун тие се нечисти итн, работите мора да бидат подредени во иста линија инаку индивидуата станува се пораздразлива... Епидемиологија Ова пореметување не е врзано за полот. Почесто се јавува кај личности со високо ниво на образование. Може да се појави во детството (обично во претпубертетниот и пубертетниот период) и во доцната адолесценција. Може да избледне подоцна во животот, а исто така и да се повтори при некој силен стресен настан. Она што е дефинитивно докажано е дека индивидуите кои страдаат од опсесивно-компулсивно растројство се генерално луѓе со над-просечна интелегенција што е карактеристично за ова растројство - комплицирани мисловни процеси кои водат до анксиозност и депресија. Коморбидитет Многу често ова пореметување е асоцирано со фобии, и депресија која е причина за обиди за самоубиство кај 50% од популацијата која има опсесивно компулсивно растројство, а 15% од нив завршуваат со самоубиство. Фактот што повеќето од индивидуите не бараат помош е резултат на стигматизацијата асоцирана со опсесивно-компулсивното растројство. Неколку славни опсесивно-компулсивни личности:
|