АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТАлцхајмерова болест претставува дегенеративно заболување од непознат причинител со карактеристични невропатолошки и невробиохемиски карактеристики. Оваа болест за првпат е точно објаснета и дефинирана од германскиот доктор Алоис Алцхајмер во 1906, по кој всушност го добива и името. Обично почетокот е постепен, болеста бавно напредува и се развива во рок од неколку години. Тоа може да трае 2,3 години, но и повеќе. Обично заболувањето започнува во средната животна доба, но може да се јави и порано. Во случаите кога болеста се појавува пред 65-70 годишна возраст, обично во семејството има историја на такви пациенти, како и побрз тек со изразено оштетување на слепоочниот и париенталниот дел од мозокот со појава на пореметувања како нарушување на говорот и нарушување во моторната функција. Во случаи на покасно започнување на болеста се карактеризира со оштетување на повисоките мозочни функции. Симптоми Таа се манифестира со губење на меморијата и го доведува болниот до повторно доживување на настаните од своето минато. Може да биде се јави намалена способноста кога е во прашање работењето со пари. Луѓето кои боледуваат од Алцхајмеровата болест често имаат тешкотии во извршувањето на секојдневните задачи. Расположението и карактерот може да се сменат, тие стануваат збунети, сомничави, депресивни, уплашени или напнати и лесно се вознемируваат. Пациентите кои имаат Даунов синдром имаат висок ризик од Алцхајмерова болест. Постојат карактеристични патолошки промени во мозокот – редукција на бројот на неврони во поедини подрачја. Болеста има одредени карактеристики како постепен почеток со спор развој на интелектуално осиромашување. Во тек на напредување на болеста може да се воочи каскаден развој со фази на застои. Отсуствува клинички докажан или специјален податок докажан со други методи како причина за оваа болест. Интересни факти: Податоците едно истражување, спроведено во Шпанија, покажуваат дека умерената употреба на алкохол може да има полезно дејство во врска со Алцхајмеровата болест, особено кај жените. Осамените луѓе имаат двапати поголеми шанси да заболат од Алцхајмерова болест, покажа едно истражување спроведено во САД. Најновите истражувања покажуваа дека жалфијата го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и го подобрува памтењето. Иако болеста не може да се излекува, со терапија може да се подобри квалитетот на живот на луѓето со Алцхајмер. Многу е важна и поддршката од семејството и околината како за болните луѓе, така и за оние кои се грижат за нив. |